Средба Џафери-Османи: Приемот на Македонија во НАТО значаен за мирот и стабилноста во регионот

 

Претседателката на Собранието на Косово Вјоса Османи го прими денеска во Приштина претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери, со кого ги разгледале можностите за соработка меѓу двата парламенти.

Според соопштението од кабинетот на Османи, на средбата станало збор за можностите за размена на искуства меѓу двата законодавни дома и нивната соработка во заедничките интеративни процеси и регионалните иницијативи.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, спикерите на двата парламенти го нагласуваат значењето на официјализирањето на приемот на Македонија за мирот и стабилноста на целиот регион.

– Размената на искуства се оцени дека е од посебен интерес и поради географската блискост. Двајцата соговорници се согласија дека официјализирањето на приемот на Македонија во НАТО придонесува за мирот и безбедносната стабилност во нашиот регион, зе вели во соопштението по средбата Османи – Џафери.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.03.2020 - 18:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега