Двајцата сопружници позитивни на коронавирус со автобус пристигнале на 27 февруари - се лоцираат 40 други патници

Двајца сопружници на возраст од 62 и 68 години од Дебар се двајцата заразени со коронавирусот. Двајцата сопружници на 27 февруари од Бреша пристигнале во Македонија.

-Тогаш патниците немале никакви симптоми. И за првпат со сосема лесни симптоми се јавиле на 2-ри март на матичниот лекар којшто не препознал индикации за да се направи тест за коронавирус. Ги пратил на домашно лекување за да денеска се јават во болницата во Дебар, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

За време на престојот дома, двајцата пациенти укажуваат дека имале контакт само со братот на жената.

-Веќе се прави интервју од страна на епидемиолози за да се оцени дали е потребни во изолација да биде ставен само тој човек или и членовите на неговото семејство, рече Филипче, додавајќи дека пронајдени се имињата и матичните броеви на сите патници на автобусот кој на 27 февруари влегол во Македонија.

Според него, утре ќе се лоцираат сите патници, околу 40 луѓе, и ќе бидат интервјуирани и согласно податоците кои ќе ги дадат, и согласно нивната состојба и контактите кои ги оствариле ќе бидат преземени соодветни мерки.

Двајцата пациенти вечерва ќе бидат префрлени на Инфективна, а нивната здравствена состојба е добра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.03.2020 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега