Касами за МИА: САД ја поддржуваат предизборната коалиција СДСМ – Беса

Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, деновиве е во посета на Вашингтон каде реализираше средби со високи официјални лица од Конгресот и Стејт департментот. Касами оствари средби со конгресменот-демократ Елиот Енгл, претседател на Комитетот за надворешни работи при Претставничкиот дом, потоа, во Стејт департментот се сретна со Дејвид Костеланчик, директор во канцеларијата за Југоисточна Европа и Азија, како и со Филип Рикер, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија.

Во интервју за МИА Касами говореше за резултатите од тие средби во американската престолнина, за новата предизборна коалиција СДСМ-Беса, како и за плановите на партијата за настап на парламентарните избори во Северна Македонија закажани за 12 април.

Вели дека посетата на Конгресот и средбата со конгресменот Елиот Елгн, претседател на Комисијата за надворешна политика е многу важна за Беса. Според него тој е добар познавач на состојбите на Балканот, добар пријател на Македонија, на Албанија и на сите балкански држави. 

-Застапува развој и интеграција на овие земји во НАТО и ЕУ, и затоа за нас беше многу важно да се сретнеме со него во време на предизборна кампања. За нас најважно е дека тој ги поддржува овие процеси со предизборната коалиција кои се многу важни за граѓаните на „Северна“ Македонија, вели Касами

Вели дека за разлика од претходните предизборни коалиции на СДСМ и ДУИ на локалните и претседателските избори, кои биле во интерес на кандидатите, оваа коалиција има задача да докаже дека Македонија има капацитет да изгради едно општество за сите

-Да се изгради една држава и институции кои ќе бидат рамноправни пред сите. Без разлика на различностите кои постојот во „Северна“ Македонија, рече Касами.

Досега, според него, сите политички партии, особено албанските, се држеле до националистичка реторика пред избори, а по изборите заборавале сѐ за да влезат во, како што рече, неприродни комбинации.

-Да потсетиме дека од 2002 ДУИ, како партија која произлезе од конфликтот, после изборите стапи во коалиција со СДСМ, потоа со ВМРО-ДПМНЕ, па пак со СДСМ. Неприродна коалиција беше и онаа кога ДПА влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, две, условно кажано, националистички концепти. Ние за првпат влегуваме во една предизборна коалција која ќе понуди програма за рамноправен економски развој, за правда за сите, за реформи на правниот систем за да нема повеќе монтирани случаи, законот да биде еднаков за сите, и да не се случи индивидуи да бидат над законот, што беше случај до 2016 година, кога власта ги зафати сите институции, пособено судско правните. Конечно, она што не соединува со СДСМ е да се оствари побрза интеграција на земјата во ЕУ. Убедени сме дека сите граѓани ќе ги уживаат придобивките кои произлегуваат од полноправно членство на ЕУ, вели Касами.

Појаснува дека договорот двете партии, СДСМ и БЕСА, да трчаат со најдобрите кандидати. Касами вели дека не е важно кој каде ќе се натпреварува, но поради тоа што тој е лидер на БЕСА и доаѓа од шестата Изборна единица, нормално би била тој да ја предводи. 

-Се надевам дека и другите кандидати кои ќе бида после мене, дали од Движењето или од СДСМ, ќе бидат најдобрите кандидати, за тоа да го валоризираат гласачите да гласаат за кандидатите, а не за коалиции, вели Касами.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.03.2020 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега