Од јануари поевтини сметки за тие што најмногу штедат

На денешната прес-конференција на Регулаторната комисија за енергетика, претседателот Марко Бислимовски ги соопшти новите цени за електричната енергија за домаќинствата.

- Цената за првиот блок се намалува за 5,16%, вториот блок и ефтината тарифа остануваат исти, третиот блок се зголемува за 2,88% и четвртиок блок се зголемува за 1,86%. Доколку не го воведовме новиот концепт со пристапна мрежа каде што во рамките на одобрениот регулиран максимален приход, воведовме нов начин како да се пресметува електричната енергија се со цел сметките да бидат потранспарентни, вели Бислимовски.

Во таквиот случај, цената во првиот блок би се зголемила за 3,4%, во вториот за 8,62%, во третиот за 9,46%, а во четвриот за 4,90%. Ефтината тарифа пак би се зголемила за 15,42%.

- Цената за мрежарина се намали за речиси 23%, рече тој.

Тој додаде и дека кај 80% од домаќинствата ефтината тарифа од 13 до 15 часот функционира.

 

26.12.2023 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега