Пендаровски за клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола: „Кабаетот“ е и кај нашите институции

За претседателот Стево Пендаровски настанот со отворањето на клубот Ванчо Михајлов во Софија е спорен поради две основни причини. Во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, Пендаровски своите забелешки ги упатува како кон нашите институции, така и кон делегацијата од Бугарија.

„Според мое видување, спорни се два момента. Прво, името и пред сѐ името, морам да кажам дека тука кабаетот е на нашите институции што воопшто регистрирале институција од областа на културата со такво име и втората маана, според мене, е структурата на делегацијата која дојде од Бугарија…ако во екипата е еден Каракачанов, или една Захариева, кои се архитектите на овој спор, на оваа блокада од Бугарија…мислам дека добрата намера на Петков, со самиот состав на делегацијата и влегувањето во објект кој носи име на докажан фашистички колаборатор, е прилично поткопана или минимизирана“, вели Пендаровски.

21.04.2022 - 22:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега