Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од паричниот надомест

„Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста“, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил.

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки, истакна Петровска.
„Како што кажав и на почетокот во медиумите: "Пари од нечесник не сакам" и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест.
Секој го прави тоа што најдобро го знае, тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“, нагласи Петровска.

29.03.2024 - 09:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега