Почина 27-годишен пациент од Куманово од коронавирусот- немал хронични заболувања

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, починало 27 годишно момче од Куманово без никакви коморбидитети.

Од кумановскиот Центар за јавно здравје потврдија дека денеска на Инфективната клиника во Скопје починал 27-годишен пациент од Липково од компликации од Ковид-19.

Од Центарот за јавно здравје информираат дека пациентот прво бил под надзор на матичен лекар, по што се лекувал на Инфективното одделение во Општа болница Куманово, а потоа, поради влошување на состојбата е префрлен на Инфективната клиника во Скопје.

 

Од Центарот информираат дека ги следат контактите на пациентот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.10.2020 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега