Рама: Ако треба Албанија ќе го брани Косово со оружје

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија ќе застане зад Косово, а ако се исцрпат дипломатските опции, ќе употреби и оружје. Рама  за приштинската телевизија АТВ изјави дека се моли опцијата за употреба на оружје да не се појави во реалноста, но дека, доколку тоа се случи, Албанија дефинитивно ќе застане на страната на Косово.

 

„Нема сомнеж дека Албанија стоела, стои и ќе стои до Косово во секој случај, дури и ако не дај Боже работите стигнат до таму што веќе нема да се зборува, туку ќе се користи оружје“, рече Рама.

Тој изјави и дека лидерите на Косово и во Албанија треба да размислуваат за иднината, „за нашите земји да станат поугледни на меѓународно ниво“. Рама одговори дека Косово не е само и нема да остане само.

„Албанија е членка на НАТО и е географски ентитет што има посебен однос со Косово, а секој напад на Косово е напад врз Албанија. Од друга страна, Косово не е само и има стратегиски сојузници без кои не би можело да постои како држава“, рече тој.

Рама кажа дека мора да размислуваат за тежината на косовските сојузници. Односите меѓу Србија и Косово се напнати. Koсово, но и Србија се вооружуваат. 

15.02.2024 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега