Ристески: Муцунски ја преспа годината

„Градоначалникот Тимчо Муцунски ја преспа цела 2023 година. Ова се гледа и во завршната сметка и Годишниот извештај на Општина Аеродром усвоени на последната седница на општинскиот Совет“, вели Милутин Ристески, советник на СДСМ во Советот на општина Аеродром

„Согласно овие официјални документи Општина Аеродром минатата година ја заврши со реализација на само 66% од планираните даночни приходи на основниот Буџет. Со други зборови биле реализирани 264,8 од планираните 397, 8 милиони денари. Од ова се гледа дека прибирањето на буџетските приходи на Општина Аеродром лани ѝ одело исклучително лошо. Тоа го доведе во прашање нормалното функционирање на општината и финансирањето на редовните обврски. Тоа објаснува зошто на крајот на годината на шверцерски начин, со одлука на Совет спонзорството за КК МЗТ беше намалено од 24 на 19,7 милиони денари. Меѓу другото, тоа е причина за доцнењето на платите на играчите и вработените во кошаркарскиот клуб. Тоа ги објаснува и огромните кратења во поддршката на културата, спортот и невладиниот сектор. На истиот шверцерски начин, мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ на крајот на минатата година одлучи исплатите од јавните повици за подршка на спортот и културата да ги продолжи и годинава, од новиот буџет“, кажа тој на прес конференција.

16.03.2024 - 14:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега