Се усвои законот за помош од 6.000 денари за ранливите категории

Собраниското владејачко мнозинство и опозицијата вчера без дебата ги донесе законите кои се однесуваат на четвртиот сет антикризни мерки, а со кои ранливите категории ќе добијат помош од по 6000 денари. Финансиска поддршка, според новото законско решение, ќе имаат и лозарите преку субвенции.

Опозицијата обезбеди кворум за работа на Парламентот и пратениците ги поддржаа законите кои се дел од 4 сет мерки за ублажување на последиците од ковид-19, според кои граѓаните со ниски примања, самохраните родители, децата без родители, филмските работници и уметници ќе добијат помош од државата од по 6.000 денари кои ќе треба да ги потрошат најдоцна до 25 декември.

Откако законот ќе стапи на сила потребно ќе биде да се утврди листата на корисници и даватели на македонски производи и услуги, а овојпат парите ќе се исплаќаат на трансакциска сметка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2020 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега