Скано: Најважно за спречување на ширењето на ковид-19 е рано откривање на случаите и контактите и ставање во изолација

Кога се олабавуваат мерките, стануваме помалку претпазливи и со тоа придонесуваме за ширење на вирусот. Но ова може да се менаџира со тоа што навреме ќе ги откриваме случаите и контактите и ќе ги ставаме во изолација, вели одговарајќи на новинарско прашање дали некои мерки се преуранети и дали отоврањето на границите ќе придонесе за зголемување на бројот на случаите со ковид-19.

„Отворањето на границите е тешка одлука, но не може да се прави бинарна интерпретација во однос на здравствената состојба. Мора да се балансира, односно треба да обезбедиме рана детекција без експлозивно ширење на заразата, но во исто време ако има потреба да бидеме селективни во однос на мерките кои се спроведуваат. Кога се отвораат границите најважно е да видиме за каква трансмисија се работи, да ги изолираме случаите и да ги ставиме во изолација контактите“, рече Скано на прес конференцијата со министерото Венко Филипче.

Тој потенцира дека зголемувањето на бројот на заразени не го гледаме само во Македонија и во регионот, туку и во останатите европски земји каде имаше надолна насока на кривата и кои почнаа со олабавување на мерките. Тоа, според него, е резултат на мерките, на контролите и на однесувањето на луѓето.

„Овој вирус нема да си замине и колку побрзо го спуштиме гардот, ќе бидеме помалку претпазливи и толку тој побрзо ќе се врати. Но тоа може да се менаџира“,   рече Скано, додавајќи дека бројот на заразени ќе расте,  но мора да се откриваат случаите навреме.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2020 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега