Скано од СЗО: Овој вирус нема да си замине, не е време за олабавување на мерките

Сега не е време на олабавување на мерките, не треба да го спуштаме на гардот и треба да се продолжи со идентифукување и изолирање на заразените лица. Неоходно е целосно вклучување на општеството и продолжување на мерките за заштита. Резултатот од непочитување на овие мерки може да биде една експлозивна ситуација која жестоко ќе и наштети на еконимијата. Ние сме подготвени да продолжиме да ѝ помагаме на земјата, изјави попладнево Фабио Скано, советник на регионалниот директор на СЗО Европана заедничката конференција за медиуми со Венко Филипче, македонскиот министер за здравство.

Тој рече дека на почетокот на пандемијата Македонија беше во врвот на земјите за справување со епидемијата.

„Оваа моја посета се случи токму навреме. Вирусот нема наскоро да си замине. Брзо се шири и треба да направиме сѐ што е потребно и да бидеме пред вирусот. Целта на мојата посета е ми е да се запознам со епидемијата и ефектите од мерките што се презмеаат тука. Овие три дена имав интензивни средби со одговорни лица. Моето главно согледување е дека гледам сериозни, агилни на навремени мерки преземени од властите. Импресиониран сум од реакцијата на здравствените работници. Ова зголемување на бројот на пациентите може да се менаџира. Власта и граѓаните треба да си помогнат едни на други. Северна Македонија може да се врати на таа позиција од почетокот на кризата. Треба да бидеме пред вирусот, а не да каскаме позади него. Целото општество треба да биде дел од овие напори. Само преку прекинување на ланецот на пренесување може да се справиме со ковид-19“, изјави д-р Скано.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2020 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега