Собранието нема да заседава вечерва

Документ од една страна – Информација за содржината на преговарачката рамка пристигна во парламентот од Владата по повод францускиот предлог. Претходно од Илинденска информираа дека на затворена седница била разгледана оваа точка и се испраќа на Собранието со цел да се донесат понтамошни заклучоци.

Документот се испраќа во редовна постапка, па неизвесно е кога ќе биде закажана седница по него.

Заедно со информацијата не се доставени други документи вклучително и трите документи од францускиот предлог кои ги објави Владата. Во Собранието не е доставени ни билатералниот проткол со Бугарија. Според поранешниот шеф на дипломатијата и пратеник Никола Поповски ова е и најспорното прашање.

Првиот вицепремиер Груби смета дека парламентот е добро место за да се донесе одлуката.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека со ова Ковачевски и владата ја префрла одговорноста за лошито предлог на пратениците.

За штуриот документ стигнат од Владата, од власта неофицајално коментираат дека пратениците самиќе ги користат јавно објавените документите од францускиот предлог во собраниската дебата. Според опозцијата пак, ова значи дека СДСМ и ДУИ ќе одат само на заклучоци – насоки за Владата кои нема да значат промена на францускиот предлог. Остануваат на своите 6 барања за примени во преговарачката рамка со кои се бришат едностраните изјави за македонскиот јазик, протколо и историските прашања, како и двојната меѓувладина конфенреција со цел прегворите да почнат веднаш.

07.07.2022 - 22:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега