Туристичко-угостителскиот сектор утре на протест
Туристичко-угостителскиот сектор утре ќе протестира пред Владата се до исполнување на нивните барања. Бараат еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на Влада, како и мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојна банка, сè додека не почнат да работат без рестрикции.
– Секторот се наоѓа во исклучително тешка состојба и доколку итно не се обезбедат економски мерки за финансиска поддршка, ќе се соочи со целосно уништување, предупредува Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори.
Нивни претставници денеска на прес-конференција ќе ги презентираат деталите за утрешниот протест.
Кон протестот, како што најавија, ќе се приклучат и туристичките агенции кои, како што соопштија, имаат пад на прометот од 80 до 100 проценти.
Владата најави дека подготвува шестти пакет мерки за поддршка на овој сектор, а вицепремиерот задолжен за корупција и криминал Љупчо Николовски вчера на гостувањето во телевизија „Сител“ рече дека овој пакет ќе се најде на утрешната владина седница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа