УХМР со прогноза за цела недела- До среда сончево а потоа промена

До среда не очекува сончево време со благ пораст на температурата која ќе достигне до 23 степени.

Од УХМР информираат дека во следните денови ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови повремено значителна облачност со услови за слаб локален дожд. До среда дневните температури ќе бидат во благ пораст, а
потоа ќе имаат тенденција на опаѓање.

Утре утринската ќе биде од нула до девет степени, а дневната од 11 до 21 степен. Во понеделник најниската температура утринска во земјава ќе биде под нулата од минус два до седум степени, а дневната од 15 до 22 степени. Во вторник утринската од 3 до 11 степени, дневната од 16 до 23 степени, во четврток минималната од 3 до 10, дневната од 14 до 20 степени и во петок утринската од 4 до 11 и дневната од 13 до 19 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.10.2020 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега