УИС го одби барањето на Амбасадата на Косово за посета на осудените лица за „Диво Насеље“

„Во согласност со член 199 став 1 и 2 од Законот за извршување на санкциите, осудените лица-странски државјани кои издржуваат казна затвор во казнено- поправните установи во Р.С.Македонија, можат да бидат посетувани од конзуларен претставник сообразно со правилата на меѓународното право, под услови на реципроцитет“, наведуваат од Управата за извршување санкции по однос на барањето на Амбасадата на Косово да овозможи заменик-министерот за правда да ги посети осудените лица во македонскиот затвор. Но, оттаму додаваат дека заменик минситерот на Косово, не е конзуларен претставник и затоа бараната посета на осудените лица е одбиена.

„Конзуларниот претставник е должен претходно да ја најави и закаже посетата во установата во која лицето ја издржува казната затвор. Во случајов, Амбасадата на Република Косово се обратила со барање да му се овозможи на заменикот министер за правда на Република Косово да ги посети косовските државјани кои издржуваат казна затвор во КПД Идризово, а од слобода се лишени на 09.05.2015 година во Куманово. Согласно наведеното, Управата за извршување на санкциите смета дека заменикот министер за правда не е конзуларен претставник на својата држава во Р.С.Македонија, туку е политички претставник на Р.Косово-именуван функционер кој не е истовремено овластен да е конзуларен претставник на Р.Косово за што треба да исполни посебни услови предвидени со меѓународното право. Од оваа причина, почитувајќи го законот, Управата за извршување на санкциите Ве известува дека не сме во можност да ја дозволиме бараната посета на осудените лица наведени погоре во текстот. Во конкретниот случај, Управата за извршување на санкции на косовскиот заменик-министер за правда може да му дозволи посета на КПД Идризово, но не и на осудени лица“, велат од УИС.

16.12.2021 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега