Утре големи врнежи: Не излегувајте без чадор

Во текот на утрешниот ден најпрвин во западните, а попладне и во текот на ноќта и во останатите подрачја ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни (10 до 20 л/м2). 

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд (над 35 л/м2), град и силен ветер (над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ=6

Во Скопје во попладневните и вечерните часови ќе има врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено ќе бидат обилни и поројни проследени со грмежи и засилен ветер во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Во сабота претпладне ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни (10 до 20 л/м2). Температурата ќе биде во опаѓање. Од недела следува стабилно и малку потопло време, велат од УХМР.

 

07.07.2022 - 23:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега