(ВИДЕО) Ветрот собори бандера во скопско Лисиче

Силниот ветер кој попладнево околу 14 часот почна да шиба во Скопје кутна бандера во населбата Лисиче. Граѓаните на улицата Ѓорѓи  Капчев се без струја и во момeнтов ги чекаат екипите на ЕВН да го санираат проблемот.

УХМР во следните денови најави дождови од 20 литри на квадратен метар и силни ветрови со брзина од 70 километри на час, а максимална температура од 17 степени на ниво на цела држава.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

11.03.2024 - 19:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега