Заболените од Ковид 19 од Куманово од понеделник ќе се сместуваат и на одделението за психијатрија

Од понеделник, заболените од Ковид-19 ќе се лекуваат и на постоечкото психијатриското одделение во Куманово.
 

Оваа информација денеска ја потврди директорката на кумановската болница, Снежана Захариева и посочи дека се завршени техничките подготовки за преадаптација на одделението за психијатрија.

– Пациентите ќе се сместат на делот што е неврологија, персоналот и работните соби ќе бидат на психијатрија-изјави Захариева.

Со адаптацијата се очекува да се добијат дополнителни дваесетина кревети за болните.

Капацитетот на инфективното одделение со недели веќе е пополнето, информираа претходно и надлежните од јавната здравствена установа и од Министерството за здравство. Ова не е првпат да се преадаптираат простории за заболените од Ковид 19. Во првиот бран, во март и април, во Куманово поради пополнети капацитети и тогаш на инфективното одделение, беа преанаменети просториите на одделението за уво, грло и нос за потребите на пациентите заболени од Ковид 19.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.10.2020 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега