Заврши средбата во Влада: Следните избори се очекува да се одржат во 2024 година

Претседателот на Владата, Зоран Заев, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, попладнево имаа работна средба заедно со своите тимови, во рамки на консултативните средби за владините приоритети, за преземањето одговорности и за одржувањето и надградувањето на владиното и парламентарно мнозинство.

-На средбата беше потврдено дека исполнета е целта да се обезбедат стабилна влада и стабилно парламентарно мнозинство кои дејствуваат исклучиво во интерес на граѓаните и во интерес на државните интереси. Заев, Ахмети и Ковачевски се согласни дека новата Влада ќе биде целосно фокусирана на забрзано движење на државата по евро-атлантскиот пат и дека целта е првиот голем успех на Владата да биде наоѓањето решенија за предизвиците во односите со Бугарија и почеток на преговорите за членство во Европската Унија, соопшти владината прес-служба.

Како што се вели во дописот, следните парламентарни избори очекувано е да бидат редовни и да се одржат во 2024 година, а до тогаш Владата ќе испорача економски резултати, брзи и квалитетни услуги кон граѓаните и успешно справување со пандемиската и со енергетската криза

16.12.2021 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега