Аеродромот во Брисел парализиран, oткажани повеќе од 30 летови


Повеќе од 30 летови на германската авиокомпанија Луфтханза до и од аеродромот Завентем во Брисел во периодот од среда па до сабота се откажани поради штрајк на персоналот на Луфтханза.

Откажани се летовите меѓу бриселскиот аеродром и германските градови Франкфурт и Минхен, пишува „Brussels Times“.

„Има шест лета до и од Минхен и 11 летови до и од Франкфурт. Ќе бидат откажани вкупно 34 летови. Не очекуваме да следат дополнителни откажувања“, изјавија за новинската агенција Белга на аеродромот во Брисел.

На иницијатива на синдикатот Верди, персоналот на Луфтханза денеска во 20 часот ќе започне 60-часовен штрајк.

Луфтханза претходно соопшти дека протестот ќе ги наруши плановите за патување за повеќе од 200.000 патници, на кои ќе им бидат понудени алтернативи или рефундирање.

06.03.2024 - 11:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега