Алијанса за Албанците, Алтернатива и ВМРО-ДПМНЕ поднесоа четириесетина амандмани за Законот за попис

 Во Собранието во тек е седница на Комисијата за европски прашања, на која тече амандманската расправа за Законот за попис. Поради мерките за Ковид-19 новинарски екипи не можат да ја следат работата на Комисијата.

Според информациите од Собранието, Комисијата започнала по 14 часот на барање на Алијанса на Албанците и Алтернатива за да им биде овозможено тие да поднесат амандмани за законот. Оваа опозициска партија има поднесено десетина амандмани за законот, но според координаторот на пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива Скендер Реџепи изјави тие ќе го поддржат закконот но дека сметаат дека треба да се пролонгира рокот за завршување на пописот и тој да биде на 30 април, за што имаат поднесено амандман. Тие исто така бараат Државниот завод за статистика да не ја води оваа операција туку од страна на Владата да биде формирана службена државна пописна комисија, која ќе го надгледува пописот, бидејќи, како што кажа немаат доверба во институцијата која од девет раководни места, нема ниту еден Албанец.

Според Реџепи, овој закон не треба да се политизира.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе 26 амандмани на Законот за попис. Според координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, се работи за суштински амандмани што ќе ги аргументираат. Овие амандмани значат подобрување на зкаонскиот текст и влевање на доверба во целата оваа операција.

-Со загриженост ги следиме настаните затоа што во јавноста се бара оправдување за да се избегнат некои од барањата кои ги има ВМРО-ДПМНЕ во однос на оваа статистичка операција. Избегнувањето на обезбедувањето на отисок од прст не дава сигурнист во целата постапка. Образложението дека тоа е скапа операција и ќе треба време за набавка не држи затоа што во ДИК за таква апаратура има, но не се префрлени пари од ДИК за тоа, изјави Мицевски.

Со овие апарати за отисок од прст, смета тој, на многу лесен начин ќе успееме резидентното население да го одвоиме од државјаните во Република Македонија.

-Дополнително ако навистина сакаат да биде статистичка операција би требало методологијата да биде сотавен дел на законот како би можеле ние кои го носиме законот да продискутираме и за неа, а не тоа да се носи со подзаконски акти во кои Собранието ќе нема учество. Исто така многу е симпроматично барањето за врзан потпис на директорот и на заменик директорот затоа што сепак тоа се политички фигури. Едниот е поставен од СДСМ другиот од ДУИ и не ја гледам потребата за врзан потпис, изјави Мицевски. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.12.2020 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега