Андоновски: Груби е во тешка ситуација затоа мора да ја манипулира јавноста

Класична лага е информацијата на Артан Груби дека меѓународниот фактор врши притисок врз ВМРО-ДПМНЕ да гласа за промена на Уставот. Меѓународниот секретар на опозицијата Стефан Андоновски во Тема на денот на Сител порача дека ова е трет пат Груби да ја манипулира јавноста со вакви дезинформации. Андоновски вели дека го разбира Груби кој како што кажа во моментов се наоѓа во тешка состојба соочен со револтот во тешката ситуација и се обидува да го сврти вниманието од она што му се случува внатре во неговата партија.
Андоновски ја повика власта доколку има мнозинство за промена на Уставот веднаш да ја почне иницијативата
„Ние понудивме оставки и повлекувања од функциите доколку нашите пратеници дадат поддршка за промена на Уставот во вакви услови. Затоа ги повикувам, нека ја почнат иницијативата во Собранието. Доколку имаат мнозинство, ние ќе се повлечеме, но доколку немаат да одиме на предвремени избори“ – порача Андоновски

01.11.2022 - 19:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега