Арсовска: Се обврзуваме дека ќе ги решаваме сите проблеми и тоа веднаш после 17 октомври

Пумпна станица за трајно решавање на проблемот со водоснабдувањето, мега парк и кружен тек се трите клучни проекти од програмата на независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска, наменети за Ѓорче Петров.

При неформалната средба со граѓаните на Ѓорче Петров, на неколку локации вклучувајќи го и зелениот пазар, жителите на оваа населба отворено зборуваа за недостатоците во општината.

– Жителите на Ѓорче Петров најмногу реагираат на недоволната хигиена во населбата, проблемот со уличните кучиња и воопшто негрижата за тревните површини а водоснабдувањето и намалениот притисок преставува сериозен проблем, за којшто ние во програмата имаме брзо и сигурно решение. Ѓорче Петров е една од поголемите општини што вклучува повеќе населени места и со тоа проблемите се зголемуваат, но за секој проблем, за секое населено место и општина, има конкретно и точно таргетирано решение. Затоа се обврзуваме дека ќе ги решиме сите проблеми и тоа веднаш после 17 октомври. Од првиот ден ќе започнеме со работа, истакна Арсовска по средбата. 

09.10.2021 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега