Битиќи: Платите во информатичкиот и комуникацискиот сектор речиси се дуплираа

Платите во секторот информации и комуникации од 2016 до 2023 година пораснале за 91 отсто, од 36.501 денар просечна плата, на 70.017 денари, откри вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на социјалните мрежи.

Тој сподели графици со споредби на платите од 2016 и 2023 година, потенцирајќи дека зголемувањето на благосостојбата на граѓаните е главна цел на владата.

„Зголемувањето на благосостојбата на нашите граѓани е главната цел на нашата влада. Во периодот 2016-2023 година забележавме извонредно зголемување на просечната плата не само во јавниот сектор, туку и во приватниот сектор“ напиша на социјалните мрежи вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. 

Од графиците може да се забележи дека платите во објектите за сместување пораснале од  15.425 денари на 27.256 или 76 отсто, во дејностите во врска со недвижен имот платите пораснале за 46 отсто, од 23.969 на 35.010 денари. 

Платите пораснале и во секторот финансиски дејности, од 39.699 денари на 52.726, или раст од 32 отсто.

27.03.2024 - 21:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега