Битиќи: Состанок со синдикатите за три дена - ќе расправаме за минималната плата

За три дена Битиќи најави состанок со синдикатите, ќе се расправа за минималната плата. 

„Сметам дека, при решавање на економските предизвици, пристапот е првенствено важен, а ние го промовиравме социјалниот дијалог како клучен. Затоа ќе имаме состанок за три дена, пред се со преставници на синдикатите, на повеќе теми, но и за минималната плата. Секое едно решение за работниците и за работодавачите, преку конструктивен дијалог, не може да нема резултат. До пред неколку години немавме никаков дијалог, власта сама одлучуваше за сите прашања во економијата. Дали ќе имаме плата од 18 илјади? Да, ќе има. Кога? Кога ќе имаме заедничка одлука на сите чинители, на сите социјални партнери, а тоа ќе го постигнеме само ако дискутираме“ – изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во „Топ тема“ на телевизија Телма.

Исто така тој изјави и дека откако минималецот ќе биде 18.000 денари, до 2024 година ќе има уште едно негово покачување.

 

28.01.2022 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа