Британскиот астролог кој ја предвиде короната откри дали ќе има вакцина- открива што не чека во следните месеци

Британскиот астролог Џесика Адамс, која го „предвиде“ коронавирусот, или „вирусот што ќе го вознемири светот“, сега откри што може да се случи во следните шест месеци.

Таа вели дека зборувала за своите грижи во февруари 2019 година со надеж дека ќе ги предупреди луѓето, но никој не ја слушал. Таа предвиде дека сè ќе започне на 10 јануари 2020 година и на тој датум КОВИД-19 ја имаше својата прва жртва во Велика Британија.

Таа рече дека знаела што ќе се случи, ја откажа голема забава што ја подготвуваше за март, го напушти својот дом во Лондон и се пресели во Тасманија, каде сè уште живее со своите две кучиња и кокошки.

Бидејќи тврди дека нејзините предвидувања се оствариле, таа сега открива што може да се случи за Божиќ, на изборите во САД, но и со кралското семејство, пишува Дејли Меил.

Астрологот вели дека ќе се бориме против коронавирусот уште некое време и дека нема да има вакцина и едноставно ќе мора да научиме да живееме со него. Таа тврди дека Божиќ ќе биде фантастичен оваа година. Работите ќе почнат да се менуваат четири дена пред Божиќ и сè ќе се врти околу „пријателството и глобалната безбедност“.

Таа е убедена дека ќе има големи промени во глобалната економија. Ќе биде готово со перењето пари, а корумпираните и расипани економски системи ќе пропаднат. Следната година ќе биде време за многу поголеми иновации и изуми отколку што имавме предходните години.

Што се однесува до изборите во САД, таа вели дека работите нема да одат како што треба и можно е да бидат одложени. Кога ќе бидат одржани, Доналд Трамп нема да биде задоволен затоа што нема да биде реизбран.

Исто така, предвидува дека Обединетото Кралство ќе биде поделено на четири независни држави, што треба да се случи во 2021 година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега