Датумот на раѓање не е случаен - откријте каков скриен талент ви донел

Според нумерологијата броевите од раѓање на датумот воопшто не се случајни и можат да ни откријат и магична способност.

За да дознаете каква е вашата скриена дарба, треба да се соберат броевите од својот роденден, додека добиете едноцифрена бројка, пишува “Пик”.

На пример, ако сте се родиле на датум е 12. 03. 1978 година, едноцифрениот збир на броевите е 4.

Значење на броевите:

1 – Вие имате силна волја и умеете да ги контролирате луѓето околу вас. Вашата скриена дарба е да ги убедувате и да ги хипнотизирате другите;

2 – Вие сте многу чувствителни и внимателни. Вашата дарба се крие во вашите раце. Вие може да ја смирувате туѓата болка, но потоа брзо треба да ја повратите енергијата преку контакт со природата;

3 – Вие сте миленичиња на судбината. Успехот цел живот ќе ве прогонува. За вас важи правилото „внимавајте што ќе посакате, бидејќи вашите мисли и желби брзо ќе станат реалност;

4 – Вие сте многу стабилни и рационални луѓе. На вас тешко некој може да ви направи магија или да ви влијае негативно, бидејќи имате многу силна енергетска заштита која ве држи;

5 – Имате одлично развиена и многу силна интуиција. Таа ја одредува и вашата дарба, со која ќе ја претскажувате иднината со исклучителна прецизност;

6 – Вие сте многу емотивни луѓе. Емоциите се и вашето најсилно оружје. Можете да го доловувате она што другите го чувствуваат, и на тој начин без проблем да ги читате и нивните мисли;

7 – Вие сте човек на духовното. Вашата дарба е да сонувате пророчки соништа. Ако го толкувате правилно сонувањето, може да се избегнат многу проблеми и да го привлечете успехот на ваша страна;

 

8 – Вие сте многу претпазливи луѓе. Не сакате да ве лажат и имате талент да ја препознаете вистината од лагата;

9 – Вие сте човек на креативноста. Имате уметнички вештини и поради оваа причина често можете да видите нешто што е невидливо за останатите. Вашата дарба е да разговарате со починатите луѓе, па дури и несвесно да добивате информации од нив.

28.09.2021 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа