Димитриевски: Граѓаните се заситени од постоечките политички субјекти

 

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во интервјуто за српскиот медиум „Политика“ кажа дека на власт се менуваат само две политички партии во Македонија.

„Од осамостојувањето на независноста на Македонија, на власт се менуваат две политички елити, предводени од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Практично ние живееме во еден црно-бел свет. Граѓаните се заситени од постоечките политички субјекти, сакаат да се приклучат на движења кои ќе бидат „од граѓаните за граѓаните“, како што е движењето „За наше Куманово“ - со јасна визија, програма и проекти за развој на Куманово“, велки Димитриевски.

Димитриевски потенцира дека добил доверба од граѓаните, кои јасно покажаа дека се разочарани од актуелните политички партии.

„Ова граѓанско здружение прераснува во едно државно, републичко граѓанско движење во кое секојдневно се приклучуваат голем број на индивидуалци од различни професии, од различна политичка провиненција, но и граѓани кои воопшто не се политички определени, граѓани од различна етничка, верска и национална припадност“, вели Димитриевски.

За иницијативата „Отворен Балкан“, тој посочува дека добредојдена е секоја иницијатива која промовира мир, соработка и унапредување на меѓудржавните односи.

„Отворен Балкан предвидува зголемување на економската соработка размена на добрата и услугите, како и зближување на народите. Ја поддржувам иницијативата која треба да допринесе развој и соработка во земјите во сите области, али нагласувам дека ова не може и не треба да биде замена за полноправно членство во ЕУ“, истакнува Димитриевски.

25.10.2022 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега