Докторите го препорачуваат како лек - зошто да пиете прегорено млеко

Домашните рецепти против кашлица се најдобро решение, а се ефикасни, евтини и може лесно да ги направите. Еден таков рецепт е традиционалниот чај од горен, печен шеќер и млеко кој е многу ефикасен за намалување на кашлицата и го олеснува искашлувањето.

Со доаѓањето на есента се зголемуваат и условите за појава на настинки кои со себе носат кашлица, грип и останати здравствени тегоби. Она што на сите нам ни треба во студените есенски и зимски денови, е силен имунитет со кој ќе се избориме против настинките кои демнат од сите страни. Но, многу често не успеваме да се одбраниме од нив. За среќа, постојат некои начини кои по природен пат ги лечат настинките, како што е и традиционалниот чај од печен шеќер и млеко.

Потребни состојки за овој рецепт ви се:

1 до 2 лажици шеќер

50 мл вода

150 мл млеко

1 мала лажичка масло.

Подготовка:

Во ѓезве на оган, на умерена температура ставете го шеќерот. Мешајте со лажица додека шеќерот се растопи и добие светло кафеава боја.

Потоа, ѓезвето тргнете го од огнот и внимателно, постепено додавајте ја водата. Мешајте со лажица и ѓезвето ставете го повторно на оган. Мешајте додека шеќерот се растопи.

На крај додајте го млекото и маслото. Чајот од печен шеќер и млеко послужете го додека е топол.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега