Драматично видео: Тинејџерка виси од жичара на висина од 10 метри

Драматично видео доаѓа од одмаралиштето Мамут во Калифорнија.

Девојка која се возела на жичара се лизнала но успеала да се задржи со ногата додека не пристигнале спасувачите.

Веднаш штом властите биле алармирани за опасноста, жичарницата била запрена, а се проценува дека шеснаесетгодишното девојче висело на височина од 10 метри.

Претставници на одморалиштето тврдат дека тинејџерката „не седела како што треба“ во моментот кога била стартувана жичарницата, па почнала да се лизга од столот.

„Пет наши работници и осум гости испружија мрежа која го ублажи падот на девојчето, но не го спречи. Таа е пренесена во болница, каде лекарите ќе ја проценат нејзината состојба“, изјавија претставниците на одморалиштето.

Еден гостин кој го снимил инцидентот тврди дека несреќната девојка не била фатена во мрежата.

„Ја испуштија, не успеаја да ја фатат, бидејќи ја убедија дека сѐ е во ред“, напиша таа на Инстаграм.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Max (@lunar_rock_maxx)

01.02.2024 - 21:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега