Џафери во Германија го истакна усвојувањето на Декларацијата со која ја осудуваме агресијата во Украина

Во попладневната сесија политички разговори во рамките на Студиската посета на Бундестагот делегацијата на Собранието на РС Македонија оствари средба со специјалниот пратеник на Владата на Федерална Република Германија, Мануел Сарацин.

Како што соопшти собраниската прес-служба, Сарацин истакнал дека како поранешен пратеник и член на Групата за соработка со Парламентите од Југоисточна Европа и тековно, како специјален пратеник за Западен Балкан неколкупати го посетил Регионот и многу добро е запознаен со јавните политики и политичките настани во Северна Македонија. Тој воедно ја истакнал силната поддршка на Германија во процесот на евроинтеграциите.

Сарацин, како што стои во соопштението, нагласил дека процесот на отворање и затворање поглавја за членство во Унијата е комплициран и тежок и дека од особена важност е на време да се спроведат реформите во конкретни сфери за да се олесни целокупниот процес од една страна, но и како придобивка за граѓаните на државата.

Претседателот на Собранието Џафери се заблагодарил за постојаната и недвосмислена поддршка од Германија, која што е докажана и преку фактот што според индикаторите на трговска размена Германија е на прво место.

-Во однос на реформите кои се имплементирани во државата и нивната успешност – позитивните Извештаи од 2019 година се позитивни е знак дека сме на добар пат. Во однос на геополитичката состојба и агресијата на Руската Федерација против Украина, Џафери го истакна усвојувањето на Декларацијата со која како држава ја осудуваме агресијата и воените дејствија во Украина, како и приклучувањето кон санкциите против Русија целосно усогласување со позициите на Унијата иако не сме нејзина членка. Во овој контекст од ЕУ не очекуваме субвенции, туку да рефлектира согласно развојот на настаните на Европскиот континент, се наведува во соопштението.

Соговорниците се согласиле дека во моментов е неопходно да се најде заедничка основа во преговорите со Бугарија и да се преземат чекори кои што нема да имаат за цел да ја изменат или поправат историјата, затоа што таа е токму тоа – историја, минато, а во моментов е потребно да се гледа и да се работи на иднината.

18.05.2022 - 20:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега