Фејсбук отстранува здравствени групи поради дезинформации

Фејсбук повеќе нема да им препорачува на корисниците одредени здравствени групи на таа социјална мрежа, соопшти компанијата во обид да ги спречи дезинформациите кои се објавуваат во такви групи.

Исто така, Фејсбук смета дека корисниците треба да ги добијат вистинските здравствени информации исклучиво од веродостојни извори.

Минатата година компанијата отстрани повеќе од милион групи кои ја нарушија политиката на Фејсбук со дезинформации и штетни содржини, објавено е на блогот на Фејсбук.

Компанијата исто така започна да ги отстранува дезинформациите за пандемијата на коронавирусот, кои би можеле да бидат исклучително штетни.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2020 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега