Филиповски: Втор ден по ред Александар Николоски од уста не ме вади

„Кога ВМРО - ДПМНЕ нема понуда, нема кандидат кој поминува на терен, ќе треба да измислуваат лаги за мојата фамилија и моето работно искуство. Јас сум горд на 14 годишното работно искуство во приватниот сектор. Признавам. Политиката не ми е сѐ во животот. Научен сум да работам, да управувам компанија со 120 вработени луѓе, каде што сите се еднакво вреднувани.
Да, коосновач сум и на Sherpa Horse Riding - пример за успешен бизнис, кој ја зголемува туристичката понуда на Галичник и Македонија.
И од ова треба да се срамам?“-вака реагира кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, Александар Филиповски на СДСМ и Коалицијата, во врска со изјавите на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ, во пост на социјалната мрежа на фејзбук. 
 
Во статусот, Филиповски додава:  „Спремен сум ова знаење и искуство да го применам и во локалната самоуправа.
А, аеродромци најдобро знаат колку го сакам Аеродром. 
П.С. Јас нема да навлегувам ниту во фамилијата на Николоски ниту на Муцунски. Сите имаме фамилии, деца и мора да задржиме елементарно ниво на култура. Граѓаните тоа го ценат.“
 

07.10.2021 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега