Груби за ТВ 24: ДУИ не прави притисок врз Беса Адеми
Артан Груби прв вицепремиер и министер за политички систем меѓу заедниците во емисијата 24 анализа рече дека изјавата на Коп не ја смета за шлаканица за ДУИ.
- Ние сме најголем подржувач за реформи за неселективна правда. Поднесовме закон за ветинг и бараме ветинг на политичарите, од Ахмети и сите од ДУИ, да се истражува секој член на ДУИ од 2002 до 2024. Единствена партија што поднесе барање до ЈО за тоа. Ниту една друга партија го има наравено ова и сите партии треба да го направат тоа. Постапки треба да има за дела, а не за желби. Со Беса Адеми се знаеме долго време и се имам сретнато многупати и пред да стане претседател и сме разговарале за сите прашања. ДУИ не прави притисок врз Беса Адеми. - рече Груби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа