Со боксови ја тепаше во центарот на Струмица - другите гледаа и снимаа
На социјалните мрежи се појави ново видео од центарот на Струмица, на кое јасно се гледа физичка пресметка меѓу двајца мажи и една жена.
Инцидентот се случил среде улица, пред очите на случајни минувачи кои во неверување ја следеле тепачката. Додека едни се обидувале да ги разделат учесниците, други само снимале со своите мобилни телефони.
Причината за конфликтот засега останува непозната, но видеото за кратко време стана вирално и предизвика бројни реакции и осуди кај јавноста. Многумина на социјалните мрежи коментираат дека ваквите сцени се сè почести и бараат институциите да реагираат соодветно.
Засега нема официјална информација од полицијата дали учесниците во тепачката се идентификувани и дали ќе следуваат соодветни санкции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа