Хеликоптер се урна во океанот кај Норвешка


При уривање на хеликоптер во океанот во близина на западна Норвешка загина едно лице, а пет други се повредени, соопшти вчера полицијата.

Хеликоптерот Сикорски С-92 управуван од Бристу Норвешка бил во мисија за обука и спасување во средата кога се случила несреќата, соопштија официјални лица.

Спасувачите извлекле шест лица од морето, но кај едно лице подоцна била констатирана смрт во болница, се вели во вчерашното соопштение на полицијата. Еден од петте преживеани имал само полесни повреди, додека останатите четворица се здобиле со различен степен на повреди, додава полицијата.

Причината за несреќата се уште не е позната. Компанијата Локхид Мартин Сикорски, која го произведе хеликоптерот, во средата рече дека безбедноста е нејзин главен приоритет и дека е подготвена да ја поддржи истрагата.

Енергетската групација Еквинор соопшти дека хеликоптерот, кој бил во мисија за пребарување и спасување, вообичаено ги опслужувал платформите на полето за нафта и гас Осеберг во Северното Море.

29.02.2024 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега