Израел го нападна Либан

 

Одбранбените сили на Израел објавија дека изведуваат артилериски напади во Либан по престрелката што се случи утринава на израелска територија.

Портпаролот на израелските одбранбени сили рече дека пукањето се случило во областа на планината Дов, област на која се наоѓаат Израел, Либан и Сирија.

Израел го предупреди либанското милитантно движење Хезболах да не се меша во конфликтот.

Хезболах е шиитска исламистичка политичка, воена и социјална организација која поседува значителна моќ во Либан. Како и Хамас, тој е поддржан од главниот непријател на Израел, Иран. Водел едномесечна војна со Израел во 2006 година, пишува Би-Би-Си.

Хезболах утринава ја презеде одговорноста за ракетниот и артилериски напад врз три локации во Израел во областа позната како фарми Шебаа за која Либан тврди дека е окупирана од Израел.

Хезболах соопшти дека извршил напади во градовите Радар, Забдин и Рувајсат ал-Алам.

08.10.2023 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега