Израелската армија тврди дека имало два инциденти во Газа

Портпаролот на израелската армија денеска изјави дека во Газа се случиле два одделни инциденти со камионите со хуманитарна помош. Првиот бил кога возилата биле опколени од Палестинците кои чекале хуманитарна помош, а вториот кога насобраниот народ се приближиле до израелска воена позиција.

Според него, првиот инцидент се случил околу четири часот по локално време, кога приближно 30 камиони со хуманитарна помош влегле во северниот дел на Газа, а илјадници луѓе ги опколиле возилата, при што настанало стампедо, во кое загинаа и повредени се десетици луѓе, а некои биле прегазени од камионите.

Додека вториот инцидент се случил кога група Палестинци се приближиле до израелската воена позиција. Војниците испукале предупредувачки истрели во воздух, а потоа пукале кон оние кои „претставувале закана и не се оддалечиле“.

Според податоци на Министерството за здравство во Појаст Газа, во инцидентот загинале најмалку 104, а повредени се 760 луѓе.

29.02.2024 - 18:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега