Костовски „се фати за метлата“: 60 вработени во општина Бутел добиваат отказ - со години не доаѓале на работа
Од понеделник 60 вработени во Општина Бутел повеќе нема да бидат во работен однос, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.
-Од понеделник шеесет вработени лица во Општина Бутел повеќе нема да бидат во работен однос, голем дел од овие вработени, поточно триесетина лица воопшто се немаат појавено на своето работно место со години, дел се појавувале повремено, додека пак дел биле редовни но немале буквално никакви работни задачи. Секако за ова доказ е системот за евиденција на работно време.
Без никаква етничка, верска или политичка разлика, по моја добра анализа еден мал дел имале конкретни работни задачи при што увидов дека истите лица имаат желба за работа и токму затоа договорите за работен однос ќе им бидат продолжени.
За да појаснам станува збор за вработени лица со договор за работа на определено време, договорот на овие лица официјално завршува утре на 20.11.2021 година.
Општина Бутел не смее да биде заложник на вакви нити пак слични ситуации во иднина, потрошени се премногу средства сосема непотребно, средства со кои можело да се направат голем број проекти за добро на граѓаните, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа