Ковачки изввестува за нов грабеж: Oд Министерството за одбрана украдени класифицирани документи

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, обвини за грабеж повторно во Министерството за одбрана.„И по 2 години од грабежот во централата на МО кога беа украдени униформи и друга опрема, случај што до денес не е расветлен, денеска, во центарот на Скопје, на улицата Орце Николов, ограбена е подрачна единица на Министерство за одбрана.

Од подрачната единица на Министерството за одбрана украдени се класифицирани документи и компјутери на кои имало класифицирани, односно строго доверливи податоци. Ова дело не е само за оставка, туку и за кривична одговорност.

Срамот што СДС – антимакедонска ѝ го нанесува на државата, на одбраната и на безбедноста е огромен. Лично не се сеќавам на ваков аматеризам и неодговорност во Одбраната“, порача Ковачки.

03.10.2022 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега