Лашкоска: Стратешката мисија на државата е засилено да работи на зелена енергетска трансформација

 

Ане Лашкоска, заменик министер за животна средина и просторно планирање во своето гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ зборуваше за Национална развојна стратегија 2024-2044 каде објасни дека станува збор за стратегија која што ја донесе владата и дека станува збор за документ кој што ќе се трасира патот по кој што државата би се движеле во наредните 20 години.

-Станува збор за стратегија која што владата ја донесе, а потоа и собранието на Република Македонија ја изгласи, за период од 20 година. Имено станува збор за еден документ кој што прв пат се носи во државата и со кој што документ ние го трасираме патот по кој што како држава би се движеле во наредните 20 години. Неколку години се работеше овој документ, ние како ВМРО-ДПМНЕ без разлика што бевме опозиција, активно учествувавме во неговата изработка. Кога дојдовме на власт, кога ја формиравме владата веќе настапија некои измени, работевме и веќе сме во фаза на конкретно решавање од она што е напишано во Националната стратегија. Како што кажав Националната развојна стратегија е за период од 20 години и целта е по тој документ без разлика кој е на власт, да се раководи затоа што крајно време е да знаеме дека во државата има проекти кои што се од државен, национален интерес и се од интерес на сите граѓани на Република Македонија, потенцираше Лашкоска.

Таа во текот на своето гостување се осврна и на зелената енергетска трансформација каде укажа дека целта е Македонија да се позиционира како регионален лидер за одржлив развој и грижа за животната средина.

-Стратешката мисија на државата е засилено да работи на зелената енергетска трансформација и наша цел е да се позиционираме како регионален лидер за одржлив развој и за грижа за животната средина. Во овој период работиме и на климатска неутралност односно се надевам дека за многу брзо време, за прв пат државата ќе го донесе и првиот закон за клима, што значи како влада обрнуваме внимание навистина на животната средина, кажа таа.

Лашкоска потсети дека претходната власт потпишувала документи, земале кредити но се тоа останало само на хартија.

-Сега веќе откога сум дел од владата можам да видам и да ја направиме разликата. Претходната власт ги потпишувала документите, земале кредити, меѓутоа се останало само на хартија. За жал на дело немаше ништо, не можевме да видиме ништо односно немаше никакви конкретни резултати. Не е дека не можеле. Јас велам нема нешто што не може, треба човек само да сака, рече Лашкоска.

Таа се осврна и најважната тема, а тоа е проблемот со загадениот воздух каде ги напомена краткорочниот и за долгорочниот план за надминување на овој проблем.

– Загадениот воздух е еден од најгорливите проблеми на нашата држава и сигурно дека не може да се реши од денес за утре. За да дојдеме до почист воздух мора да земат активно учество буквално сите чинители во општеството, затоа што чистиот воздух, чистата животна средина всушност е и здравје. Како министерство прво донесовме еден краткорочен план за почист воздух, кој што го применувавме во месеците кои беа покритични кога имавме поголемо загадување на воздухот, тоа е зимскиот период. Како влада спремивме, донесовме долгорочен план кој подразбира низа на мерки, низа на активности и тука се вклучени голем број на чинители. Значаен дел во реализацијата на овој план земаат во општината и за да се реализираат било кои проекти од областа на животната средина неопходно е беспрекорна соработка со раководствата на сите општини затоа што без нив не може да спроведеме буквално ништо. Исто така инспекциските надзори си го направија своето. Најголем проблем за жал е греењето кое во најголема мера го предизвикува загадувањето. Наша обврска, а истовремено и со реализација на такви проекти е да ги замениме и системите на греење во државните институции, онаму каде имаме можност и услови да ги гасифицираме општините, вели Лашкоска.

На крај Лашкоска порача: „Наша тенденција односно ветена бројка од страна на Министерството за животна средина е дека во нашиот мандат ќе се засадат 40 милиони нови садници и јас сум убедена дека ќе си достоиме на зборот“.

19.05.2025 - 09:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега