Ласовска: Џафери можеше да спречи да се донесат закони каде се злоупотребува европско знаменце

Благица Ласовска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница рече дека според Уставот на Република Македонија, Република Македонија е парламентарна демократија и Собранието има 3 надлежности каде едната од нив е дека пратениците  се претставници на граѓаните кои што ги гласале и треба да го застапуваат нивниот интерес. Собранието има втора надлежност, а тоа е дека е законодавен дом и она што најмногу го исполнуваше Собранието е точно оваа функција.

Во писмото каде е предложен Талат Џафери за претседавач на Собранието вие велите дека Џафери ефикасно ја водел работата на законодавниот дом. Сега јас да прашам под ефикасно и успешно менаџирање што подразбирате? Јас имаме една табела каде покажува дека злоупотребата на европското знаменце за многу важни закони е најеклатантниот пример на ефикасноста и успешното менаџирање на претходниот претседавач. Она што мене како пратеник најмногу ми пречеше и нормално на огромен дел кај македонската јавност е начинот на донесување за јазиците, такви закони кои се донесоа со злоупотреба на европското знаменце се и законот за академија на судии и јавни обвинители, законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци кои ги очекувам на првата редовна седница да биде како најитно нешто, истакна Ласовска

Според Ласовска, Џафери требаше да стави забрана за донесување на едни вакви закони, а секако дека имаше механизми и има механизми затоа што на крајот на денот тој ги свикува и седниците Собранието.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.08.2020 - 17:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега