Лавот сака да ја смени работата, тежок ден за Овенот

ОВЕН

Денешниот ден може да биде малку тежок кога е во прашање полето за работа, па водете грижа да не правите грешки. Доколку покажете доволно разбирање кон партнерот/партнерката се ќе се реши. Проблеми со видот.

БИК

Имате впечаток дека некои работи се одвиваат споро и чувствувате потреба да ги забрзате.Немојте за ништо да присилувате. Сигурни сте во своите чувства кон саканата личност и дајте им доволно време да сфатат што сакаат. Одлично се чувствувате.

БЛИЗНАЦИ

Не ве очекуваат проблеми на ова поле. Можете да се надевате на одличен ден во кој сите околности ќе ви одат во прилог. Добро се чувствувате додека флертувате со личноста која ви се допаѓа. Може да се опуштите!

РАК

Посветени сте на вашата работа и сакате да видите конкретни резултати од својот труд што побрзо. Пред вас има прилика за страствена средба со личност, со која веќе сте имале некој вид на врска. Можете да очекувате нови настани. Хронични проблеми.

ЛАВ

Посакувате да тргнете по друг пат за бизнис план бидејќи не се гледате повеќе на истото работно место. Ве очекува многу убава ситуација со саканата личност која ви е максимално посветена. Водете грижа за хормоните.

ДЕВИЦА

Се ослободивте од проблемите кои сте ги имале во минатото и сега сосема растеретено одите напред. Во текот на денешниот ден, можно е да запознаете многу интересна личност. Немате никакви проблеми со здравјето.

ВАГА

Пред вас е шанса да остварите успех на работното поле. Можете да чекате прилика за да се докажете. Сте постигнале голем успех бидејќи сте ги решиле сите несогласувања со саканата личност и сега може да се опуштите. Ви годи спортување.

ШКОРПИЈА

Можете да очекувате стабилизација на работното место. Нема да имате никакви грижи, ни проблеми. Доколку сте во брак, пред вас е поволен ден за разговор околу проширување на семејството. Грижете се за стомакот.

СТРЕЛЕЦ

Пред себе имате многу слободно време, воопшто нема да бидете оптеретени за работата. Ви годи ваквата атмосфера. Можете да се надевате на средба со личност за која долго сте размислувале. Без проблеми со здравјето.

ЈАРЕЦ

Може да се надевате на успешен ден доколку работите во угостителски сектор. Одлично ќе се чувствувате покрај вашиот партнер кој ви овозможува позитивна енергија во неограничени количини. Избегнувајте било какви пороци!

ВОДОЛИЈА

Многу сте способни и до израз доаѓа вашата снаодливост. Можете да очекувате дека ќе се изборите со потешкотиите. Нема да имате никакви промени во љубовниот живот, се останува исто. Кожата ви е многу чувствителна.

РИБИ

Многу сте директни и отворени во комуникацијата со луѓето од работното место. Неопходно е да го согледате вашето однесување кон партнерот пред да започнете да го осудувате за некои работи. Ќе ви годи масажа!

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.08.2020 - 08:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега