Лазаревска: Вие имате по неколку пасоши, јас имам само македонски

-Кои сте вие да не нарекувате предавници, вие кои имате по неколку пасоши во џебот, а јас имам само еден – македонски, јас се борам за мојот македонски пасош, за мојот македонски јазик, за мојот македонски идентитет, порача пратеничката на СДСМ Жаклина Лазаревска во реплика на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

„Ние нудиме заклучоци со кои на Владата ќе и наредиме никогаш во преговорите да не го доведе во прашање македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Вие не нудите ништо освен поделба на граѓаните и изолација. Вие сте луѓе кои не и сакаат просперитет на сопствената држава, затоа не сакате да започнеме преговори за членство во ЕУ“, додаде Лазаревска.

 
15.07.2022 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега