ЛДП и ДОМ гласаат за Славески од ВМРО-ДПМНЕ да го води Советот на Град Скопје
Советниците на ЛДП и ДОМ во Советот на Град Скопје на денешното гласање му дадоа поддршка на професорот Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ да биде нов Претседател на градскиот совет. На гласањето, Славески доби поддршка и од мнозинството Советници во највисокиот орган на главниот град кој според претходно направениот коалициски договор го сочинуваат советниците на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива и Левица.
Советниците на независната листа на Зелен хуман град гласаа воздржано.
Двајцата советници на коалицијата на Одлучно за промени на ЛДП и ДОМ потенцираа дека нивната поддршка за Славески е само слика за нивната конструктивност во Советот. Најавија дека во иднина ќе делуваат како независни советници кои првенствено ќе бидат во опозиција
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа