„Матичната докторка ми рече дека ако ми издаде потврда дека сум ослободена од вакцинација, ќе и ја затвореле ординацијата“ - Скопјанка три месеци бара решение за проблемот

Скопјанката Сања Ш. за „Слободен печат“ се пожалила дека бара решение, бидејќи здравствената состојба не и дозволува да прими вакцина против корона, а исто така и дека ниту еден лекар не сака да и потпише дека треба да биде ослободена од вакцинација.

- Не сум антиваксерка, но ниту еден вакцинален пункт не сака да ме имунизира поради долгата историја на алергии и проблеми што ги имам со разни супстанции што се наоѓаат во лековите, изјави за „Слободен печат“ скопјанката Сања Ш, која три месеци бара решение.

Сања објаснила дека веќе има едногодишно бебе, а дополнително била и трудна со второто. Како што пишува СП, првпат ја вратиле од вакциналниот пункт во поликлиниката „Букурешт“ поради нејзината дијагноза и алергии кои ги имала поради бременоста.

„Станува збор за пеницилински шок и алергии на лекарства, тумор. Не смеам да пијам никакви антибиотици, освен два. Не смеам да земам ниту лекарства против болка. Кога ми се издава некој лек, мора да се испита секоја состојка на лекот за да се провери дали смеам да го земам“ – кажала Сања за СП.

Ја вратиле и од пунктот кај Ѓорче Петров. Потоа отишла кај матичната докторка која и рекла дека не смеела да се вакцинира, и се уплашила да не и ја затворат ординацијата.

– Матичната лекарка ми рече дека не смеам да се вакцинирам, но ако ми издаде потврда, ќе ѝ ја затвореле ординацијата. Ме упати на специјалист за хумана генетика, кој потврди дека според сите наоди што ги имам не е паметно да се вакцинирам, но и тој не ми издаде потврда. Само ми кажа дека може да ме испитаат на еден алерген на вакцината на „Фајзер“, и ако не сум алергична, да ја примам таа вакцина, но дека ќе требаат три месеца за да се набави реагенсот – додава Сања.

24.11.2021 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега