Маж од Тетово кривично ќе се гони - со пневматска пушка ранил жена
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.Р.(46) од село Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
-На 17.03.2025, пријавениот со пневматска пушка испукал проектил, при што ѝ нанел повреда на Ќ.Р. од Тетово.
Тој бил лишен од слобода, а одземена му била пушката, дозволата за оружје и кутија со дијаболи, информираа од полицијата во денешниот билтен.
23.07.2025 - 17:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа