Меџити: Со професорот Јовев за прват го испивме утринското кафе заедно, одлуката за разрешување не ја менувам
Министерот за здравство, Фатмир Меџити, на денешниот отчет за сработеното во стоте дена откако е на функцијата, се пофали дека утрово првпат пиел кафе со професорот Сашко Јовев и дека одлуката за негово разрешување не ја менува. Не зборувале дали Јовев ја прифатил неговата понуда да му биде советник.
„За првпат денеска утринското кафе го испивме со почитуваниот професор Јовев. Професорот ќе продолжи да работи како најдобар кадар од таа клиника заедно со другите во стручниот тим, со сите други колеги кардиохирурзи. Ќе се посвети повеќе на пациентите и на работата, а ќе ја има мојата потполна поддршка како доктор кој ги извршува секојдневните дејности во Клиниката“, рече министерот Меџити.
На прашањето дали ќе има нов директор, министерот одговори само „ќе видиме“ и најави дека ќе се труди програмата за трансплантации да добие поголем буџет.
Не зборувале дали Јовев ја прифатил неговата понуда да му биде советник.
„Не зборувавме за тоа, испивме кафе. Почитуваниот професор е мој добар другар и мој колега и ние и после ова ќе продолжиме да работиме во Клинички центар задно со цел пациентите. И како министер сега и како лекар утре и претходно како лекар што бев ќе соработуваме за таа цел“, рече министерот Меџити.
На секое прашање за смената на Јовев министерот Меџити кажуваше дека е веќе апсолвирана тема и дава куси одговори кои се повторуваа. Таков одговор даде и на прашањето дали ќе ја послуша јавноста, пациентите, лекарските здруженија, како и самиот Јовев и неговиот адвокатски тим кои го повикаа да ја преиспита одлуката за разрешувањето.
„Кога министерот носи одлука таа не се преиспитува, тоа е асолвирано прашање, почит кон професорот„, рече министерот Меџити.
Адвокатскиот тим на кардиохирургот Јовев најави тужба по решение со кое тој се разрешува за листи за исплата на дежурства од 2022 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа