Мицкоски: Чарлиевите ангели на Заев што ја штитат мафијата ќе одговараат за криминалот

4 години се власт со ветување дека ќе донесат правда и 4 години гледаме само неправда. Најдобар доказ за тоа дека имаме неправда е тоа што за 4 години не одговараше ниту еден министер, директор или градоначалник за злоупотреба или криминал. Станавме држава во која дури ни ситните лоповчиња не одговараат, туку стануваат репер за успешни бизнисмени со крадени пари, а мафијата само кеш пари признава.

Ова го порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот протест во Скопје.

-Сите меѓународни извештаи на сите угледни институции, дали се викале Транспаренси, Економист, Фридом Хаус или Европска Унија укажуваат на многу недостатоци во земјава, и еден главен проблем а тоа е криминалот. Не може мафијашката влада да вика дека сме правна држава, а никој да не одговара за криминал. А скандалите и криминалите ги има секој ден, човек веќе ги заборава сите афери на мафијашката влада во овие 4 години за кои заедничко е што се без правен почеток, и правна разрешница. И видете што се случува во овие два месеци власт на мафијата на СДСМ, за само два месеци им пропадна банка од 200 милиони евра. Секаде во светот да пропадне банка ќе има барем некаква истрага, а кај нас има молк, обвинителството молчи. Се случи со панамски пари да се купи земјиште во Тетово за бизнис вреден 200 милиони евра. Наместо да се сокрие и да молчи поради срамот, Зоран Заев излезе  и јавно призна дека тој бил човекот кој им кажал на советниците да гласаат со кој се овозможува бизнис од 200 милиони евра во Тетово. И обвинителството се прави како да не слушнавме снимка од тој анто ЕУ и анти НАТО бизнисмен каде вели дека си платил пари и дека редовно се среќавал со Рашкоски и Заев, самиот кажува, а Обвинителството молчи, порача тој.

Мицкоски говореше и за носењето во затвор за екс-министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

-Во овие два месеци се случи да излезе извештај дека се потрошени над 8 милиони евра ваши, наши пари за службени коли, ама Јанкуловска мора да одговара за мерцедесот кој денес власта на Заев го вози. И одењето во затвор пропатено со малтене пренос во живо за да се задоволи злобата на мафијата и Заеви беше со цел, со единствена цел тие денови да се отргне вниманието од хаосот за стартот на учебната година. Гледаа и се задоволуваа со тоа што ги видоа лисиците на рацете на Јанкуловска. За тоа ли баравте правда, за тоа ли баравте мир? Горде отиде во затвор, ама оваа иста власт, истава мафија го пушти на слобода убиецот на Мартин Нешкоски. Е тоа е мафија. Во овие два месеци ја зголемија цената наелектричната енергија, не затоа што се зголемени трошоците туку да има повеќе влечење на пари од универзалниот снабдувач, а потоа ќе ме малтретираат на телевизиски интервјуа во коалиција со универзалниот снабдувач затоа што тој плаќа, плаќа од нашите пари, народни пари за да можат да го напаѓаат лидерот на опозицијата затоа што тој протестира поради зголемената цена на електричната енергија, затоа што народот се пљачка, затоа што народот се тормози и навредува. Ете таква е правдата која што оваа  мафија на СДСМ, заедно со корумпирана бизнис елита ја донесоа во нашата Македонија, истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ понатаму посочи:

„Да не зборам за оние тендери од 200-300 илјади евра доделувани на советничиња во власта, тоа стана ситна работа во споредба со главните пари на мафијата. Сето ова само за два месеци а обвинителството молчи. Се разбира обвинителството молчи, заспано е, затоа што неспорно тоа е дел од мафијата. Не може да постои мафија ако не постои обвинителство кое амнестира криминал и судство кое што ја помага мафијата. И нивната вина не е само со не казнување на криминалот туку и со произведување на криминал. И ова не го зборам на памет.

Овие два месеци излезе извештај на државна институција ДЗР со кој се констатира дека СЈО, се сеќавате на онаа изјава на Зоран Заев кога вели дека со мене не можел да се договори  затоа што претходно се договарал за Пржино, а резултат на Пржино е СЈО со кое што денеска илјадници членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ се тормозат. Ете тоа СЈО украло ваши пари, криминалците од СЈО украле ваши пари 4,6 милиони евра. Тие кои што требаше правда да донесат, крадеа ваши пари, пари на народот, тешко спечалени пари на народот. Е затоа Христијан не се  договараше Зоран Заев со тебе, за да нема ново Пржино, за да не може истите тие бандити да украдат нови милиони евра ниту од народот, а ниту од владата. Е затоа јас никогаш нема со тебе да се договорам, ниту за тој договор понижувачки од Преспа, ниту за договорот од Прижино, за да не оставиме на бандитите парите на народот да ги крадат и да не одговараат за тоа“.

Ја обвини власта дека потрошиле 4,6 милиони евра, за додатоци на плата, а ништо не сработеа освен да посипуваат со пепел и да уценуваат луѓе за пари.

-Тоа се вика чист криминал, лоповлук и крадење. И не може никој да ме увери дека тоа не го знаеше мафијата на власт. Информациите говорат дека извештајот бил готов уште пред 5, 6 месеци ама држен во фијока за да не направи штета на Заев и мафијата пред изборите. Само да опишам дека со 4,6 милиони евра поделени на неколку луѓе можеа денеска да се купат 20 илјади компјутери за нашите најмили да можат на европски цивилизиран начин да следат настава, да може да се образуваат. Можеа да се дадат 20 не 2 денари на лозарите од Тиквешијата кои што денеска се мислат како да го поминат месецот од први до први, едни размислуваат за следната реколта, а се думаат со секира и пила да ги исечат лозјата кои што до вчера ги хранеа нивните семејства, ги образуваа нивните деца, истакна тој.

Мицкоски оцени дека можеа да се изградат 4 нови училишта, 5 нови амбуланти ама тие отидоа во џебот на чарлиевите ангели.

-Свесен сум денеска дека после оваа изјава ќе го навлечам сиот гнев на чарлиевите ангели и свесен сум дека активистите на ВМРО-ДПМНЕ,  оние лојалните, чесните, честите кои што останаа со ВМРО-ДПМНЕ, не оние кои што му седат во скутот на Заев и плукаат против мене и ВМРО-ДПМНЕ, плукајќи против Македонија,  коленичат за милост пред мафијата, туку оние чесните од утре ќе бидат повикувани овде, ќе се издржуваат врз нив. Ние ќе издржиме, ќе ги издржиме и чарлиевите ангели, ќе го издржиме и овој мафијаш на власт, ама ќе дојде денот кога правдата ќе ве стигне, доживеал јас или не. Тој ден ќе дојде јас ви ветувам. Поради сиот овој криминал обвинителството молчи. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава, иако знаеме дека со ова обвинителство шансите за одговорност се мали, но нека седи, нека знаат дека ќе дојде на сцена таа кривична кога правдата ќе ги стигне сите. А врвот, круната на мафијашењето на оваа власт е тоа што власта реши Кацарска да ја унапреди за завршената работа. Кацарска да ја направи уставен судија. Значи оваа што го гази законот сега трeба да го чува Уставот, рече тој.

Тој понатаму продолжи:

„Какво е тоа пукање во слепоочница на правдата! Нејзиното име се споменуваше како синоним за корумпираното судство а сега таа треба да го чува уставот, а уставобранителите се сеуште по затворите, казнети по 17-18 години робија. Им беа делени притвори како да е тоа најлесната работа на светот. Ама еве стигна доказот дека политика е во прашање, а зад политиката има мафија, мафија на власт.

Затоа ќе го слушнете Зоран Заев кој што онака по малку надмено штотуку излезен од оној мерцедесот за кој што Горде денеска е во затвор, а дома синот солзи рони, кој што го гази напатосниците на крвта на тие луѓе кои што го спечалиле, помалку надмено ќе каже немал што тој да ја коментира опозицијата. Ќе дојде тој ден кога ќе молиш да ја коментираш таа опозиција, јас ти ветувам дека ќе дојде ден дали со мене, без мене, жив на овој свет, ќе молиш пред овој народ. Верувај ми ќе молиш.

Затоа овој истиот  човек бега опозицијата да предложи независен јавен обвинител. Како дете кое ќе се заигра, еден ден нуди обвинител на опозицијата, а друг ден се повлекува. Страв му е зошто знае дека ако ги нема овие ќе треба да одговара и тоа ќе одговара за многу криминал. Еве нека биде еднаш со исправена кичма и нека прифати независен јавен обвинител на предлог на опозицијата. Нам ни треба елиот не космодикс обвинителство како ова сега.

Не смеат да спомнат за правда, не смеат да ми спомнат за rule od law, се додека не ми објаснат како градоначалник на општина кој што сите го гледавме и слушавме како бара мито, денеска не одговара за тоа мито. Не можат да спомнат за владеење на право ако не ми објаснат како на избирачки места за време на референдумот имаше излезеност поголема од 95 проценти а таму нема ни 35 проценти од жителите кои што гласале. Не можат и не смеат да ми спомнат за владеење на правото додека не дознаеме кој ги слушаше обвинителите и судиите а министерот за внатрешни работи велеше дека снимките биле на сигурно, божем кај него да не се грижиме.

Не може да има владеење на правото додека не се осветли Рекет 1, додека не се вештачи телефонот на Бојан Јовановски. Не може да има владеење на право, додека не се осветли случајот Рекет 2. Не може да има владеење на правото, додека не ги видам оние 11 милијарди кои што ги ветуваа на овој народ вратени назад во буџетот. Каде се тие 11 милијарди? Тие кои до вчера за вас беа криминалци, денеска ви се верни покорни слуги. Верни и покорни слуги во вашиот скут.

Не може да има владеење на правото додека не се расчисти како се пуштаа луѓе во притвор за да гласаа во парламентот, за тоа што го направивте.

Да, не се договарав со вас и добро е што оние платеници кои ме обвинуваа дека сум се договарал, добро е што слушна македонската јавност дека ниту сум се договарал, а јас ви кажувам ниту има намера со криминалци како вас да се договарам.

Јас сакам и Јован и Антониј да ги гледам во очи и со чист образ да го завршам земски живот.

Никогаш со криминалци нема да се договорам, по било која цена.

Нам ни треба правда, нам ни треба будење од сонот на обвинителството, нам ни треба правда за обичниот човек.

Заев и СДСМ се најголемиот непријател на правдата. И токму затоа нападите кон мене се најголеми, затоа што не сум се договарал и тие ќе продолжат, ќе бидат крволочни, ќе бидат жестоки затоа што знаат дека ако преживеат ќе одговараат од првиот до последниот и тие што со нас седа одеа, а денеска им се верни слуги на мафијата заедно со мафијата од прв до последен ќе одговараат за се што направија.

Ќе одговараат и за оние деца што денеска од овде од ЕЛЕМ ги праќаат во централата во Кичево да патуваат 220 километри на ден. Но и оние во министерствата за надворешни работи кои што ги разрешија ширум Македонија затоа што не сакале да и слугуваат на мафијата.

Познавам многумина како вас клекнати кои што денеска како мачиња предат во скутот на мафијашите. Ќе дојде денот, кога правдата ќе ве стигне и јас ви ветувам.  Правда ќе има за секого“, кажа Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.10.2020 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега